Унгарија: Дунајварош убедливо против Вац, ФТЦ без проблеми против Дебрецен

Со натпреварите Дунајварош – Вац  и ФТЦ – Дебрецен започна петтото коло во унгарското домашно првенство.

Дунајварош на домашен терен славеше убедливо против Вац со 27 : 20 ( 12 : 9). Свој деби настап во дресот на Дунајварош имаше Кристина Тришчук која постигна три погодоци. Најефикасна во составот на Дунајварош беше Мелинда Винче со шест погодоци. Во поразениот тим најефикасни со четири погодоци беа Вероника Фаркаш и Ноеми Вираг, нашата репрезентативка Марија Штериова два пати се запиша во листата на стрелци.

ФТЦ оствари висока победа против Дебрецен со 32 : 17 ( 14 : 7).

Распоред за останатите натпревари од петтото коло

Сабота ( 27. 09. 2014)

Ѓер – Мошонмаѓаровар

ЕРД – Фехервар

МТК Будимпешта – Шиофок

Бекешчаба – Сегед