Унгарија: Дебрецен го изненади Фехервар

Во 12.коло во унгарската женска супер лига екипата на Дебрецен го изненади Фехервар на свој терен и забележа значајна победа за избегнување на последните места. Дебрецен триумфираше со резултат 26:21 (11:10). Најефикасна ракометарка во домашната екипа беше Кристина Берени со пет погодоци додека во составот на Фехервар, Тамара Тилингер беше незапирлива со девет погодоци кои беа недоволни за поволен резултат.

Резултати – 12 коло

Дебрецен – Фехервар 26:21 (11:10)

Бекешчаба – Ѓер 22:33 (12:17)

МТК Будимпешта – ФТЦ 26:32 (13:14)

Сегед – Ерд 20:33 (11:15)

Сиофок – Дунајварош 20:21 (10:9)

Мошонмаѓаровар – Вац 27:25 (13:16)

Распоред – 13 коло

Вац – Дебрецен

Дунајварош – Мошонмаѓаровар

Ерд – Сиофок

ФТЦ – Сегед

Ѓер – МТК Будимпешта

Фехервар – Бекешчаба

Фото:fkc.hu