Убедливи победи за Вардар СЦЈС и Металург, Куманово триумфално низ Гевгелија

Ракометарките на Вардар СЦЈС и Металург остварија убедливи победи во 4 коло од женската Супер лига. Избраничките на Симе Симовски победија против тимот на Прилеп со 32:24, иако можеа да бидат и поубедливи, ако играа со максимум од своите можности. Голманките на домашниот тим, Петковска и Белмезова, искомбинираа 20 одбрани, Прленда даде 8 голови, додека Керамичиева и Георгиевска постигнаа по 5 голови. Во Прилеп најдобра беше Јованоска со 9 голови.

Металург беше и повеќе од убедлив на домашен терен против Овче Поле и славеше со 41:17. Саздовска и Петковска, со по 10 односно 8 голови бе анајдобри во домашниот состав, додека во Овче Поле се истакна Стојанова со 8.

Куманово ја победи Гевгелија на гостински терен со 29:26. Иако домашните добро отворија со 6:2, сепак Куманово отиде на пауза со предност од четири голови, 13:9. Во вториот дел гостинките константно ја зголемуваа предноста, стигнаа и до плус осум, но на крајот победата беше само со три разлика. Најдобра во гостинскиот состав беше Викторија Пеовска со 11 голови, додека за домашните Драгица Митрова даде исто толку.

Фото: zrkvardar.mk