Убедлива победа на Локомотива Загреб во домашното првенство

Во второто коло од хрватското домашно првенство немаше изненадувања. Актуелниот шампион, Локомотива Загреб на гостински терен славеше убедливо против ЖРК Бјеловар со резултат 17 : 36 ( 9 : 17) во корист на Локомотива. Најефикасна ракометарка во редовите на Локомотива Загреб беше Соња Башиќ која стрелаше седум пати во противничкиот гол, по шест погодоци постигнаа Михаела Хрбкова и Теа Грубишиќ. Кај ЖРК Бјеловар најефикасна беше Кристина Смилјчиќ со шест погодоци.

Во другите натпревари победи запишаа и Замет , Сплит, Осијек, Желина и Сесвете Агропротеинка. Подравка Вегета поради квалификацискиот турнир во Крагуевац натпреварот со ЖРК Самобор го одигра пред една недела на гостински терен каде славеше со 22 : 31 ( 11 : 14).

Резултати – второ коло 

ЖРК Бјеловар – Локомотива Загреб 17 : 36 ( 9 : 17)

Замет – Трешњевка 29 : 25 ( 13 : 11)

Сплит – Зрински 27 : 23 ( 14 : 11)

Умаг – Осијек 21 : 24 ( 12 : 11)

Далматинка – Желина 19 : 27 ( 9 : 13)

Сесвете Агропротеинка – Кока 35 : 20 ( 20 : 14)

ЖРК Самобор – РК Подравка Вегета 22 : 31 ( 11 : 14)