Убави зборови од Бранко Тамше: Вардар е најдобриот тим во светот!

Тренерот на Целје, Бранко Тамше не може да биде задоволен од резултатот кој беше остварен против Вардар особено бидејќи домашните посакуваа многу повеќе после одличниот резултат против Кјелце во Лигата на шампионите.

„Морам да му честитам на Раул и на тимот на Вардар за денешната победа и за она што го прават во последните две години. За мене ова е најдобриот тим во светот. Навистина не е лесно да се постигне сето она што успеаја да го направат Раул и момците. Има голем број на ѕвезди во екипата, но не е само тоа. Тој успеа да создаде тим кој диши како еден. Денеска видовме меч со многу голема борба и мислам дека беше дерби во вистинска смисла на зборот. Ние имавме проблеми со повредени играчи, се обидувавме да покажеме максимум, но направивме многу грешки. Не можевме да направиме сензација“, изјави Тамше.