Убави голови во ЛШ: Дибиров се најде веднаш зад Симонет (ВИДЕО)

Натпреварите на македонските клубови во Лигата на шампионите ги донесоа двата најубави погодока во 1. коло од Лигата на шампионите.

Тимур Дибиров против Висла Плоцк го има голот број 2 во колото, а остана зад Диего Симонет од Монпеље кој имаше преубава акција и завршница на дуелот против Металург во саботата. Во топ 5 се најдоа и Марко Вујин (КИЛ – Псж), Рихард Бодо (Нант – ПИК СЕГЕД) и Патрик Грецки (РАЈН НЕКАР – Барселона).