Турција станува омилена дестинација за ракометарките од Македонија

На Јанеска, Мечевска, Десподовска, Ѓоргиевска, Илкова во турската лига му се приклучуваат и младите Сара Стеваноска и Јасмина Андонова , како и чуварот на македонската репрезентација, Ивана Зафирова. Сите три ракометарки потпишаа за амбициозниот клуб Бурса.

Сара Стеваноска од ЖРК Јагодина, Јасмина Андонова од РК Жито Прилеп и Ивана Зафирова од Кастриоти ќе ја зголемат македонската колонија во Турција.

Секоја година турската лига станува се поквалитетна, носењето ракометарки од страна стана секојдневна работа на турските клубови. Освен ракометарки од Македонија има и од Србија, Хрватска, Украина, Азеребејџан, Романија и Црна Гора.