Турски ракометар потпиша за Келце!

20-годишниот турски репрезентативец Дорук Пеливан го засилува полскиот шампион Келце. Тој во Полска ќе пристигне од екипата на Фиверс од Австрија.

Преговорите се одвиваа многу долго, првично Пеливан требаше да премине во Келце во летото во 2020 година, но претседателот на клубот Бертус Сервас успеа да се договори со Австријците.

Претходно од Келце негираа дека Турчинот ќе се пресели во нивните редови бидејќи клубот во кој настапува бара преголема оштета за играчот.

Дорук Пеливан има одлични физички карактеристики и e одличен шутер. Тој е висок 201 сантиметар и настапува на левата бековска позиција.

Талентираниот играч е уште едно од засилувањата на Келце за следната сезона и во клубот од него очекуваат голем придонес во натпреварите.