Турскиот Суперкуп за Бешикташ и Прибак

По настапите на струшкиот турнир и на уште неколку пријателски натпревари, ракометарите на Бешикташ во пресрет на новата сезона во Лигата на шампионите, го освоија турскиот Суперкуп, откако славеа над Бејкоз.

Тимот каде настапува македонскиот интернационалец Немања Прибак имаше проблеми во првиот дел и губеше од претставникот на Турција во Купот на ЕХФ со 12:14, но во вториот дел го сврте резултатот во своја корист најмногу по заслуга на десното крило Фарук Вражалиќ и го затвори мечот со победа од 28:26. Прибак на овој натпревар даде 2 гола.