Турнир „Миле Нешкоски“: Јанчев – најдобар стрелец, Андоновски е МВП

По три дена, во кои беа одиграни шест интересни натпревари во Прилеп, заврши третиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“, а победник е тимот на Пелистер, кој имаше максимален скор и забележа три победи во трите меча.

Беа доделени и индивидуалните признанија, а едно од нив заврши во рацете на Милош Рајчиќ, кој го брани голот на Пелистер. Најдобриот стрелец доаѓа од редовите на домаќинот Прилеп, а тоа е Јане Јанчев, додека МВП титулата му припадна на Ласко Андоновски, кој одигра одлични натпревари за финалистот Пролет.