Турнир „Миле Нешкоски“: Прилеп и Пелистер дадоа 69 голови, Пролет го победи и Борец

На вториот ден од меморијалниот турнир во чест на ракометарот Миле Нешкоски, кој викендов се одржува во неговиот роден град Прилеп, се одигра пелагониското дерби меѓу домаќинот и битолски Пелистер. Славеа битолчани со 30:39, во наптревар во кој повеќе се мислеше на нападот, отколку на на одбраната.

Домашниот тим во првиот дел го диктираше темпото, а во неколку наврати водеше и со 3 или 4 голови, 5:2, 6:3 , 8:4, но битолчани заиграа поангажирано во продолжение и уште на полувреме обезбедија предност од 17:21. Во второто полувеме домаќинот се закани, се доближи на 30:32, но серијата од 7 голови по ред им донесе на пелистерци висока победа со 30:39. Најдобар стрелец во Пелистер беше Чантурија со , а Тодоровски даде 6, додека кај Прилеп се истакнаа искусните Тренчевски и Јанчев со по 6 голови.

Во вториот наптревар, Пролет ја забележа и втората победа на турнирот, откако славеше над Борец со 27:30. Првото полувреме беше неизвесно, 17;18, а тимот на Темелковски во вториот дел направи серија за водство од 17:22 и до крајот само рутинирано ја одржа за конечни 27:30. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Александар Василевски со 6 голови, а по 5 дадоа Џонов и Андоновски, додека кај Борец, Илија Крстевски даде 5, а по 4 Органџиев, Павловски и Игнов.

Денеска останува да се одиграат последните натпревари, а тимовите на Пролет и Пелистер ќе се борат за трофејот на турнирот.

1 коло
Пелистер – Борец 33:26
Прилеп – Пролет 24:25

2 коло
Пролет – Борец 30:27
Прилеп – Пелистер 30:39

3 коло
11:00 Борец – Прилеп
13:00 Пролет – Пелистер