Турингер ја одбрани титулата, Трир се сели во второто по ранг германско наптреварување

Пет години по ред Турингер ја потврдува доминацијата во германскиот шампионат. На последниот натпревар против долгогодишниот ривал Лајпциг екипата прикажа одлична игра и уште од првиот момент стави јасно да знаење дека титулата ќе остане во нивни раце.

Иако Лајпциг го отвори натпреварот и ја држеа неизвесноста во текот на првото полувреме, Турингер ја демонстираше моќта во вториот дел за конечна победа од 35-25.

“Ова беше доста тешка сезона и морам да им се заблагодарам на сите фанови затоа што тие се најдобри во Германија. Денес не беше лесно против Лајпциг бидјеќи губевме со четири гола во текот на натпреварот, но успеавме да ја сочуваме нашата сила. Сега девојките треба да го слават. Тие се најдобри во Германија

Од друга страна пак Баерн со победата на домашен терен која ја оствари над Трир 32-29, го испрати некогашниот германски шампион во второто по ранг натпреварување во Германија.