Турингер останува во трка за титулата: Саздовска го наполни голот на Хале Нојштат

Тимот на Турингер оствари нова победа во Бундес лигата и остана во трка за титулата, која ја води со Битигхајм.

На домашен терен, избраничките на Херберт Милер беа поуспешни од составот на Хале Нојштат и славеа со убедливи 32-16.

Македонската репрезентативката Јована Саздовска во дресот на Турингер беше втор стрелец со шест голови и заедно со Ивета Лузумова која даде осум, беа најзаслужни за триумфот.

Турингер сега има 42 бода, исто колку и Битигхајм, а до крајот на Бундес лигата останува да се одиграат уште четири кола.