Турингер го пречекува Ѓер во пријателски натпревар

Вицешампионот на Унгарија – Ѓер денес силите ќе ги одмери со германскиот шампион, Турингер, во пријателски натпревар кој е на програмата со почеток од 19ч. Овој натпревар ќе биде одлична проверка и за двете екипи пред настапите во рамките на Лигата на шампионките. Ѓер одигра неколку пријателски натпревари против домашни екипи од Унгарија и на сите оствари висока победа.

Екипата на Турингер обезбеди директно место во Лигата на шампионките, додека Ѓер ќе мора да игра квалификации за пласман во најелитното клупско натпреварување во женска конкуренција.

Иако е пријателски натпревар, ракометниот клуб Турингер одлучи влезниците да се продаваат по цена од 7 до 10 евра.