Тунтевски ново име во Пролет

Екипата на Тинекс Пролет пред почетокот на првиот натпревар во новата сезона го претстави новото засилување. Управата на клубот за претстојната сезона се договори со ракометарот Стефче Тунтевски кој доаѓа од екипата на РК ПРЕСПА.
Со новото засилување составот на Илија Темелковски ја зацврстува одбраната пред првиот дуел во македонскиот шампионат против Радовиш, кој на програмата е во недела во “Македонско сонце” со почеток од 19:00.