Тунижанката Ел Гау од Динамо се сели во Сиофок

Репрезентативката на Тунис, Асма Ел Гау која го носи дресот на рускиот суперлигаш, Динамо Синара од следната сезона ќе настапува во Сиофок, Унгарија. Младата ракометарка од Тунис игра на позиција пикер и се покажа во одлично светло во дресот на Динамо, но клубот од Волгоград одлучи следната сезона да направи реконструкција на екипата со млади ракометарки.

Сиофок за следната сезона ги ангажираше и Лара Гонзалес од Мец и Михаела Хрбкова од РК Локомотива Загреб.