Тулуз одработи против „фармацевтите“, чека шанса за финале од Бешикташ

Во вториот натпревар од последниот ден во групната фаза на „Струга 2018“, францускиот состав Феникс Тулуз го совлада македонскиот тим Е.Работник со 24-26 и за финале ќе го чека исходот од натпреварот меѓу Целје и Бешикташ.

Во изедначен натпревар французите ја имаа контролата над играта и во текот на целото прво полувреме имаа предност од гол или два. Избраниците на Чирковиќ не дозволија одличниот состав на Гареден да го реши натпреварот предвреме и постојано беа чекор зад противникот. Ѓраџан во последниот напад за Е. Работник во првото полувреме имаше шанса да го изедначи резултатот, но неговиот непрецизен удар означи крај на првите триесет минути за конечни 12-13.

Во вториот дел продолжи изедначената игра двете екипи, до половина од полувремето македонскиот состав го надомести минималното водство на Феникс Тулуз, но бргу ја загуби контролата над играта и дозволи со три голови во низа францускиот состав да се оддалечи на три голови предност, 20-23. Разликата порасна до највисоки „плус четири“, за мирна завршница во која Французите обезбедија победа од 24-26.

Феникс Тулуз е во очекување на послендиот натпревар од групната фаза во која ќе се одлучи дали францускиот преставник ќе биде прв, втор или трет во групата. Во послениот натпревар Целје ќе се сретне со Бешикташ, словенечкиот првак има 4 бода, исто колку и Феникс Тулуз, додека Бешикташ има 2 бода. 

РАБОТНИК – ТУЛУЗ 24:26 (12:13)

Игралиште на „Женска Плажа“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

Е. РАБОТНИК: Трајкоски (2 одб.), Чаневски (2 одб.), Ивановски, Ивановиќ 2, Ојлески 4, Маркоски 1, Петровски, Талевски, Чурлевски 1, Блажевски, Мемиќ, Кукоски, Мандиќ, Дрогришки, Граџан 5, Ѓукиќ 3, Кузманоски 6.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 8 мин.

ТУЛУЗ: Идризи (6 одб.), Бонефои (3 одб., 1 сед.), Монгин 2, Жиродо 2, Делан, Пржибилски 3, Руиз 1, Гарсија 2, Жилбер 2, Лабро, Соле 8, Јакобсен 3, Олсон 2, Болинаури 1.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.