Тртик: Вардар демонстрираше сила со ракометарите кои не играа во претходните натпревари!

Вардар по убедливата победа во четвртиот СЕХА натпревар, на редовната прес-конференција преку тренерот Раул Гонзалес и Страхиња Милиќ ја искажа својата почит кон ракометниот клуб Татран, но го истакна и задоволството од заслужената победата и одиграното покрај големиот број натпревари овој период. За разлика од нив во таборот на Татран, тренерот Тртик и голманот Чуприна му честитаа на победникот, кој беше подобар и поквалитетен противник.
SEHA 15-16 Vardar-Tatran-2494Раул Гонзалес,тренер на РК Вардар:Татран одигра добро второ полувреме, но ние имавме одлично прво полувреме и со прецизна игра од контра напад, украдени топки и лесни голови стигнавме до висока предност. Ги разбирам ракометарите, имавме притисок бидејќи неделава одигравме натпревар од Лигата на шампионите, потоа СЕХА лига, а не очекува и уште еден меч од ЛШ, затоа утре ракометарите ќе имаат ден пауза и потоа продолжуваме да се подготвуваме за натпреварот со Криситјаншад. Честитки за Татран кој сметам дека беше добар противник.SEHA 15-16 Vardar-Tatran-2500Страхиња Милиќ, голман на РК Вардар:

Пред натпреварот тренерот ни потенцираше дека Татран Прешов не смее да се потцени и е незгоден противник, тоа го испочитуваме на терен, затоа и победивме. Им посакувам среќа во понатамошното натпреварување.

SEHA 15-16 Vardar-Tatran-2490

Растислав Тртик, тренер на РК Татран Прешов:

Вардар демонстрираше сила со ракометарите кои не играа во претходните натпревари, се обидовме да одиграме подобро тактички за да можеме да ги следиме во натпреварот. Имавме неколку грешки во првиот дел и не одигравме добро. Кога имавме добри позиции за удар се враќавме во натпреварот, најголем проблем во нашата игра беше периодот од 15-30 минута во првиот дел, потоа се обидовме да ја распределиме нашата моќ и да се одржиме во натпреварот. Ни недостасуваат шест бекови и нормално е дека тоа е хендикеп, но од друга страна има можност другите ракометари да стекнат драгоцено исуство против екипа како што е Вардар.

SEHA 15-16 Vardar-Tatran-2492Игор Чуприна, голман на РК Татран Прешов:

Знаевме дека ќе играме против силен тим кој е комплетен и игра на високо ниво. Имавме добра тактичка замисла, кога ја следевме тактиката игравме добро, но во вториот дел од првото полувреме имавме многу грешки и тоа се одрази на разликата. За време на паузата тренерот ни ги објасни грешките и како треба да одиграме во продолжение, затоа во  вториот дел и одигравме подобро во второто полувреме. Дојдовме тука да се бориме да дадеме се од себе.