Трпковска со официјално деби, најдобра во првата победа на Ардесен

Средниот бек на македонската репрезентација, Маја Трпковска, по настапите на поготвителните турнири, го имаше и дебито на официјален натпревар за новиот клуб, турскиот Ардесен. Нејзиниот тим го одигра првиот меч, иако од третото коло, во турскиот шампионат и победи против Ескисехир Анадолу со 37:32.

Трпковска остана на теренот во текот на целиот меч и беше најдобра во победничкиот состав со постигнати 6 голови. Во следното коло Ардесен ќе биде слободен, додека нареден меч ќе го игра на 15 октомври со Аскарај Беледије Генчлик.