Трпковска со Ардесен си обезбеди пролет во Челинџ купот

Тимот на Ардесен одигра добар меч и на реваншот против Тун во Швајцарија и на тој начин си обезбеди место во 1/16-финалето од Челинџ купот. Маја Трпковска и овој пат беше дел од Ардесен, а покрај добрата игра во дефанзива таа успеа да постигне и еден гол.

Ардесен на овој меч отпатува со огромна предност стекната во првиот меч на домашен терен. Тогаш тимот од Турција славеше со 36:17 и на тој начин ја реши дилемата околу тоа кој ќе игра во следната рунда која ќе биде напролет.