Тројца ракометари со над 20 гола кај прволигашите после две кола

Комплетирањето на 2. коло во Првата машка лига овозможи да дојде и до формирање на Листата на стрелците кај прволигашите, а таму веќе има дури тројца ракометари кои ја надминаа границата од 20 погодоци. Нивниот просек по натпревар е импресивен така што ова може да биде само најава за интересна сезона во која ќе има што да се види од повеќето ракометари.

Најдобар засега е Филип Анѓелковиќ од Риниа М кој има дури 29 гола од кои 17 постигна против Металург јуниор во 2. коло од првенството во Првата машка лига.