Тројца од Вардар и еден од Металург во составот на Червар за ЕХФ неделата

Селекторот на Хрватска, Лино Червар состави список од 21 ракометар за ЕХФ неделата на крајот од октомври, а на него се најдоа четворица ракометари коишто настапуваат во Македонија. Тој се реши за тројца играчи на Вардар и еден на Металург, а според изјавите на истите играчи ќе смета и на завршните подготовки пред Европското првенство во јануари.

Од Вардар се работи за Лука Циндриќ, Игор Карачиќ и Иван Чупиќ, додека од Металург тоа е Халил Јагањац играчот кој дојде на почетокот на оваа сезона на барање на Червар.

Во тимот се и искусните Игор Вори, Мирко Алиловиќ, Домагој Дувњак, Марко Копљар и Златко Хорват така што Червар повика проверени ракометари коишто секако ќе имаат што да покажат на ЕП и сигурно ќе бидат кандидати за медали.