Тројца екс-тренери на Вардар во комбинација за клупата на Веспрем

Врачувањето на отказ на тренерот на Веспрем, Љубомир Врањеш отвори испразнето место на еден од претендентите за титула во Лигата на шампионите. Веќе има список на можни тренери. Меѓу нив е тројца кои веќе имаат работено во екипата на Вардар, а двајца од нив се поранешни селектори на Македонија.

Медиумите од Унгарија веќе имаат список од шест тренери кои би можеле да го заземат местото на Врањеш. Веселин Вујовиќ е единствениот од нив кој ги потврди контактите со клубот од Унгарија.

На списокот се наоѓа и Драган Ѓукиќ, тренер кој пред некој месец ја напушти функцијата селектор во Црна Гора. Тој е поранешен стратег на Вардар, но и поранешен селектор на Македонија. Тука е и Давид Дејвис, тренерот кој беше помошник на Раул Гонзалес во сите успеси со Вардар во последните неколку години.

Списокот го надополнуваат актуелниот тренер на Татран Прешов, Славко Голужа и сега веќе екс-тренерот на Целје, Бранко Тамше. Последниот кандидат кој според унгарските медиуми е фаворит е  Владан Матиќ. Поранешниот играч на Пик Сегед, кој работеше и како тренер на овој тим, во моментов е на клупата на Татабања. Тој би можел да одговори на потребите.