Трофеј Вардар: Петто место за Одензе

Ракометарките на Одензе од Данска го освоја петтото место на турнирот „Трофеј Вардар“, откако го победија составот на Краснодар од Русија со 36:28. Тимот предводен од екс стратегот на Вардар, Јан Питлик, доминираше во текот на целиот меч со мали исклучоци.

Русинките добро се држеа во првиот дел до 11:11, но тогаш Одензе преку Јоргенсен и Трамборг стигна до плус 2, кои ги одржа до паузата, 15:13. На стартот на второто полувреме, Краснодар уште малку беше во игра до 17:15, па 20:18, но по 45 минута, Одензе направи нова серија и се одлепи на 32:26, по што се играше рутинирано до крајот, за конечни 36:28.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Квинтино, Хиндал и Офендал со по 7 голови, додека Транборг даде 5, а во составот на Краснодар најдобра беше Фанина со 6, додека 5 даде Гариева. Со оваа победа Оденсе го освои петтото место.