Трофеј Вардар: Будуќност не е силен како некогаш, ЧСМ убедливо на третото место

Ракометарките на ЧСМ Букурешт го освоија третото место на турнирот „Трофеј Скопје“, откако во малото финале славеа над реновираниот состав на Будуќност со убедливи 31-21. Само во првите пет минути, црногорскиот тим беше конкурентен и имаше 2:3.

Во 10 минута романскиот шампион стигна до плус 3, 2:5, па потоа и 3:7 за на пауза тимот предводен од Хеле Томсен да замине со водство од 6 голови, 10:16. Половина од головите на Будуќност во овој период ги даде младата Јауковиќ.

Во вториот дел немаше многу дилеми и романскиот тим само ја одржуваше и зголемуваше предноста се до конечните 21:31. Најдобри стрелци кај Будуќност беа Јауковиќ со 7 и Грбиќ со 5, додека кај победникот на овој дуел, ЧСМ кој освен третото место освои и 3.000 евра се истакнаа Гулден и Базалиу со по 5 голови.