Три пати дома, два пати на гости: Одредени термините за натпреварите на Вардар од ЛШ во 2017 година

ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќите ги одреди саатниците на последните пет кола во групната фаза на лигата на шампионите. Вардар има уште еден натпревар за играње во оваа година, в недела против Киелце во Полска, а потоа следува пауза до февруари 2017. До крајот на мечевите од групната фаза остануваат уште шест кола, три гостувања и уште три меча пред домашна публика.

Во последните пет дуели од групната фаза што треба Вардар да ги игра во февруари и март следната година, има две гостувања, кај ПИК Сегед и Брест Мешков, и трипати „црвено-црните“ ќе бидат домаќини против ППД Загреб, Целје и Кристијанштад.

Победникот во Б групата ќе се пласира директно во четврт-финалето на ЛШ, а клубовите пласирани од 2 до 6 место ќе играат во осминафиналето. Второпласираните ќе играат против победниците од баражите во послаборангираните групи Ц и Д, а оние од трето до шесто место ќе вкрстат со ривали од другата А група.

Распоред на натпревари:

04.12.2016: Киелце – Вардар (18 ч.)
11.02.2017: Вардар – ППД Загреб (17,30 ч.)
18.02.2017: ПИК Сегед – Вардар (17,30 ч.)
25.02.2017: Вардар – Целје (17,30 ч.)
04.03.2017: Мешков – Вардар (17,30 ч.)
12.03.2017: Вардар – Кристијанштад (17,30 ч.)