Три меча во Супер машка: Домашниот терен денеска носи предност

Со исклучок на средбата меѓу Вардар јуниор и Прилеп која е закажана за во вторник другите три меча од 6. коло од Супер машката лига.

Домашните екипи се во предност и сите очекувања се да нема поголеми проблеми за да дојдат до бодови. Сепак, се очекува да има отпор од тимовите од Скопје и од Велес на овие гостувања, па ќе биде возбудливо.

Работник нема право на кикс после поразот од Пролет, а со новиот тренер ќе се обиде да дојде до нови бодови во првенството.

Охрид ќе треба да покаже квалитет плус доколку сака да ги совлада скопјани кои играат сè подобро, додека Радовиш против младите момци од Металург ќе имаат исто така тешка задача доколку ги салаат бодовите.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 6. КОЛО

САБОТА, 21.10.2017

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 2           18ч

Сала: 25 Мај во Радовиш. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

Е. РАБОТНИК – ГРК БОРЕЦ        18ч

Сала: Младост во Битола. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ОХРИД 2013 – ПРОЛЕТ 62           19ч

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Јово Василев од Битола.

ВТОРНИК, 24.10.2017

ВАРДАР ЈУНИОР – ПРИЛЕП 2010            15ч

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

ПЕЛИСТЕР е слободен.