Три македонски екипи на турнирот „Бијељина Куп“

Ракометниот клуб Бијељина по четврти пат ќе го организира турнирот „Бијељина Куп“, кој ќе се одржи од 16 до 18 август.

Во турнирот на мини ракомет ќе учествуваат девојки и момци родени во 2009 и 2010 година, додека на турнирот во ракомет ќе учествуваат девојки од генерациите 2003, 2004 и 2006 година, а кај момците 2003, 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008 година.

Од овој турнир ќе бидат дел повеќе од 100 екипи од девет држави (Швајцарија, Унгарија, Македонија, Украина, Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина), а тоа се повеќе од 1500 ракометари и ракометарки.

Од нашата држава учество ќе земат тимовите на Илинден Вардар, Балтепе и Вардар Седмерец Охрид.