Три интересни дуели во Супер машка на денешната програма

Централното место во денешната програма од Супер машката лига го зазема средбата  меѓу Пролет 62 и Е. Работник која се игра во Скопје. Тоа е меч кој е закажан за 19:30 часот, а се очекува да донесе возбудувања.

Сепак, ништо помалку интересно нема да биде и на другите два терени. Во Велес тимот на Борец има мала предност во однос на Вардар јуниор, но тоа нема да биде така на теренот бидејќи малите вардарци влагаат со желба за надигрување и докажување.

Секако, двобоите меѓу прилепчани и битолчани се секогаш интересни, па оттаму и овој меч меѓу Прилеп и Пелистер сигурно нема да мине без возбудувања така што пред почеток никој не може да се надева на трите бода.

Поради тоа што Охрид игра два меча во Купот на ЕХФ против Порто средбата на охриѓани против Металург е одложена.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 5. КОЛО

САБОТА, 14 ОКТОМВРИ

БОРЕЦ – ВАРДАР ЈУНИОР          19:00ч

Велес. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Драги Папуџиев од Скопје.

ПРИЛЕП 2010 – ПЕЛИСТЕР          19:30ч

Прилеп. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ПРОЛЕТ 62 – Е. РАБОТНИК         19:30ч

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ОДЛОЖЕН МЕЧ

МЕТАЛУРГ 2 – ОХРИД

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

РАДОВИШ е слободен