Три дена по победата над Вeспрем:Рајн Некар Ловен шокиран од Ерланген

Само три дена по високата победа над Веспрем во Лигата на шампионите, германскиот вицепрвак доживеа шокантен пораз во Германската Бундеслига. Лавовите од Манхајм беа поразени на гостински терен од екипата на Ерланген, која се наоѓа на 15 позиција на табелата. По овој пораз Рајн Некар Ловен падна на втората позиција веднаш зад актуелниот шампион Кил.

ЕРЛАНГЕН-РАЈН НЕКАР ЛОВЕН 27-25 (12-14)

Почетокот на натпреварот очекувано започна со доминација на екипата на Рајн Некар Ловен која што поведе со 0:3. Но упорните и пред се мотивирани домаќини немаа намера толку рано да се предадат во овој натпревар. Со два гола успеаа да намалат на 2-3 и да пружат силен отпор до крајот на првиот дел. Лавовите од Мајнхајм го подигнаа нивото на игра во втората половина на првото полувреме и повторно успеаа да зголемат на позитива од четири голови разлика. До крајот Ерланген успеа да намали на -2 и на полувреме се замина со резултат 12-14 во корист на гостите.

Во второто полувреме ни една од екипите не успеа да се одлепи со поголема разлика и во последните седум минути се влезе со резултат 23-23. Екипата на Рајн Некар Ловен не успеа да го издржи притисокот до крајот на мечот, мотивираниот домаќин успеа да го превземе водството и на крајот да слави голема победа од 27-25.

Најпрецизен во екипата на Ерланген беше Мартин Страновски со 8 постигнати погодоци, а Мирхол и Патрик Грецки со по 5 гола го предводеа нападот на Рајн Некар Ловен.