Три глави побистро мислат (ФОТО)

Вардарки со нова тренерска гарнитура го започнаа походот кон првата титула во Лигата на шампионките. Тренерското трио Самсоненко, Кокшаров и Станковски за прв пат седнаа на клупата на македонскиот шампион во натпреварот против германски Лајпциг, привремено додека македонските шампионки не го пронајдат вистинскиот човек за жешката тренерска позиција.
Одличниот натпревар против просечниот германски состав само беше потврда дека дуелот против ФТЦ е веќе зад „црвено-црните“. Одличните решенија во нападот, надополнети со добрата одбрана и интервенциите на Лејно и Песоа значеа голема радост за составот на Вардар во спортскиот центар „Јане Сандански“. Најзадоволни сигурно беа сопственикот на клубот, Самсоненко и спортскиот директор Кокшаров кои заедно со помошникот Станковски беа задолжени за тактиката и менталната подготовка на македонските првенки. Одлично завршена работа…

varlajp

varlajp-6

varlajp-5

varlajp-4

varlajp-3

varlajp-2