Трилер завршница во Дебрецин: Данска во последната секунда се спаси од пораз против Романија

Во второто коло на ЕП во натпреварот од групата Б, Данска и Романија во трилер натпревар одиграа нерешено 29-29. Романија го имаше водството цели 50 минути, а Данска успеа да поведе за првпат во 51 минута. До крајот се играше гол за гол, а Торсгард со гол буквално во последната секунда од натпреварот ја спаси Данска од пораз.

ГРУПА Б (ДЕБРЕЦИН)

РОМАНИЈА-ДАНСКА 29-29 (16-12)

За разлика од натпреварот против Норвешка во првото коло, романките имаа многу подобар почеток и по 6 минути игра веќе имаа водство од 5-1. Такалие и Кристина Неагу кои постигнаа по 6 гола беа ракометарките за кои данската одбрана немаше решение во првиот дел, и најзаслужни за константното водство на романките помеѓу 2 и 3 голови разлика. Токму Неагу со удар од 9 метри го постигна својот шести погодок и зголеми на +4, 15-11 во 25 минута. Данските ракометарки делуваа збунето во нападот и по една продадена топка брзоногата Ардеан Елисеи ја доведе Романија до највисокото водство од пет голови предност 16-11 на 4 минути до крајот на првиот дел, за ерупција од воодушевување кај романските фанови.Стине Јоргенсен со својот втор гол стави точка на првиот дел за конечни 16-12 во корист на Романија.

neagu

Почетокот на вториот дел помина во знак на данското лево крило Мариа Фискер која постигна четири од седум гола на Данска во првите 10 минути, и беше најзаслужна што во 40 минута на семафорот стоеше 20-20. Следуваше нова серија од 3-0 на Романија која со головите на Чипер,Такалие и Периану поведе со 23-20. Возбудувањата на овој натпревар се редеа како на филмска лента, а овојпат Данска беше таа која одговори со нова серија од 4-0, и со двата гола на Греволд успеа за првпат да поведе на натпреварот со 23-24 во 51 минута. Скандинавките го одржуваа водството до 55 минута, но Романија со головите на Кинтоан и Неагу влезе со позитива од +2, 28-26 на минута и пол до крајот. Брзите дански ракометарки одговорија преку Стине Јоргенсен која намали на 29-28 на трисетина секунди до крајот. Романија имаше напад со кој можеше да го реши натпреварот но Данска успешно се одбрани, а во последната секунда преку Торстгард успеа да се избори за реми 29-29.

Во репрезентацијата на Романија брилираа Неагу и Такалие со по 10 постигнати погодоци. Во Данската репрезентација левото крило Фискер беше најпрецизна со 8 погодоци а Стине Јоргенсен постигна 6.

НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРКИ ВО ДВЕТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ:

РОМАНИЈА: Такалие (10 гола)

ДАНСКА: С. Јоргенсен (6 гола)

Во наредното коло Романија игра против Украина, а Данска во скандинавското дерби ќе се сретне со Норвешка.