Трефилов: Сакав да најдам јаже, да отидам во соблекувалната и да се обесам!

Ракометарките на Русија по долга борба на крајот успеаа да се изборат за првата победа иако во еден момент беа многу блиску до пропаст и заостануваа седум погодоци зад Јужна Кореа. Сепак се заврши како што посакуваше легендарниот селектор Евгениј Трефилов, а веќе во свој стил традиционално за локалниот руски весник „Спорт Експрес“ даде нова контроверзна изјава.

– Кога ластовичката ќе падне под шепите на мачката таа е среќна доколку мачката одлучи да ја поштеди. Така сега се чуствувам. Можен умор? Да тоа е. Значи не знам како да тренирам! Оној што не знае да води, мора да работи. Ако не можете да бидете газда фатете се за лопата. Затоа имајте го на ум ова: Имавме многу среќа!

Искрен да бидам, кога резултатот беше 13:20 навистина сакав да најдам јаже, да отидам во соблекувалната и да се обесам!- истакна рускиот селектор по мечот