Трето лево крило во Битола: Иван Димитровски е нов член на Пелистер

Доскорешниот ракометар на Вардар Јуниор, Иван Димитровски е нов ракометар на битолски Пелистер. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија се враќа во неговиот матичен клуб и ќе го засили тимот предводен од Јосиф Петковиќ

На претпоследниот натпревар кој „зелено-белите“ го добија во Скопје против екипата на Вардар Јуниор, Димитровски беше најдобриот играч на паркетот. Тој по добрите игри во Вардар Јуниор беше прекомандуван во првиот тим минатата сезона и беше дел на неколку меча од СЕХА лигата.

Левото крило веќе неколку денови тренира со пелистерци, а неговата промоција ќе биде извршена дополнително. Заедно со него на левата крилна позиција во Пелистер настапуваат црногорскиот интернационалец Милан Поповиќ и Никола Ивановски.