Трета победа на македонските кадети: Првиот вистински испит положен!

Македонската кадетска репрезентација од 15 август го започнаа натпреварувањето на Европскиот шампионат. По воведните победи против Кипар и Ерменија попладнево Македонија со гол разилка ја обезбеди и третата победа на овој турнир. Противникот по мерка на Македонија, репрезентацијата на Украина немаше сили и доволно среќа во завршицата и на крај загуби со 28-27.

Солидно прво полувреме одиграа кадетите на Темелковски, што резултираше со предност од три погодоци на полувреме. Македонија ја круниса добрата игра со конечен резултат 17-14. Сепак работите се променија во вториот дел, македонските кадети влегоа со гол предност во завршниот дел но беа поконцентрирани во завршните минути. Украина се обидуваше да се врати во игра, но Македонија на минута и половина до крај пресече една топка,а грубиот фаул на противникот беше окарактеризиран со седмерец и исклучување на две минути. Но ниту тоа не гарантираше мирен финиш, Македонија во последните секунди од мечот имаше напад за два гола предснот, но грешката во нападот им дозволи на Украинците преку брза транзиција удар од околу 12 метри кој не беше прецизен, а слободниот удар по истекот на шеесете минути заврши во македонскиот голман за коненчни 28-27 и трета последователна победа за македонските кадети.

Наредниот натпревар за Македонија на распоредот е во петок против селекцијата на Косово (14:00).