Тренерите, новинарите и читателите гласаа: Најдобар голман во Супер машката лига е…

Изборот на 24 Ракомет за најдобрата седумка во регуларниот дел од сезоната, најдобриот дефанзивец и млад голман веќе заврши. Гласањето финишираше, па веќе се познати имињата на сите ракометари кои добија најмногу гласови откако тренерите, новинарите, читателите и новинарите во редакцијата на 24 Ракомет ги дадоа своите гласови.

Според поените кои играчите ги добија во трката за најдобар голман, „чуварот на мрежата“ на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски. Тој доби максимален број на бодови од новинарите, тренерите и од 24 Ракомет, но доби само еден од читателите. Петката од читателите замина кај големиот талент и прв избор за голот на кадетската репрезентација на Македонија, Марко Кизиќ.

Според вкупниот број на бодови второто место му припадна на Кизиќ од Вардар јуниор, а третото на Александар Стојаноски од Струга.

ПЛАСМАН

16-ГРАДИМИР ЧАНЕВСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

13-МАРКО КИЗИЌ (ВАРДАР ЈУНИОР)

11-АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОСКИ (СТРУГА)

9-СТЕФАН КИМЕВСКИ (ПРОЛЕТ)

7-БОЈАН БЛАЖЕСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

4-ХАРИС ПЛЕХ (ПЕЛИСТЕР)

Како се дојде до вкупниот број на поени можете да видите од табелата во продолжение.

Секако можете да видите и како гласаа поединечно новинарите (ЛИНК), тренерите (ЛИНК), читателите (ЛИНК) и редакцијата на 24 Ракомет (ЛИНК).