Тренерите, новинарите и читателите гласаа: Најдобар дефанзивец во Супер машката лига е…

Изборот на 24 Ракомет за најдобрата седумка во регуларниот од сезоната, најдобриот дефанзивец и млад голман веќе заврши. Гласањето финиширање, па веќе се познати имињата на сите ракометари кои добија најмногу гласови откако тренерите, новинарите, читателите и новинарите во редакцијата на 24 Ракомет ги дадоа своите гласови.

Втора година по ред најдобар дефанзивец во Супер машката лига е ракометарот на Еурофарм Работник, Милорад Кукоски. Играчот со стриктно дефанзивни задачи во екипата секогаш е еден најголемите борци, па оттаму не изненадува што има 19 од максималните 20 поени. Тој доби четворка единствено од читателите, додека другите му доделија петка. Петката од читателите заврши кај Крстаноски, кој финишира како трет дефанзивец во лигата.

Инаку, во оваа категорија немаше дилеми за ниту едно место бидејќи ситуацијата е повеќе од јасна бидејќи нема израмнети ракометари според бројот на освоените поени.

ПЛАСМАН

19-МИЛОРАД КУКОСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

12-БОЈАН СПАСОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

9-ХРИСТИЈАН КРСТАНОСКИ (СТРУГА)

8-ФИЛИП ВАСИЛЕВСКИ (ПРОЛЕТ)

7-БОРЧЕ СОКОЛОВ (ОХРИД)

5-СТЕФАН АТАНАСОВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)

Како се дојде до вкупниот број на поени можете да видите од табелата во продолжение.

Секако можете да видите и како гласаа поединечно новинарите (ЛИНК), тренерите (ЛИНК), читателите (ЛИНК) и редакцијата на 24 Ракомет (ЛИНК).