Тренерите, новинарите и читателите гласаа: Најдобар пивот во Супер машката лига е…

Изборот на 24 Ракомет за најдобрата седумка во регуларниот дел од сезоната, најдобриот дефанзивец и млад голман веќе заврши. Гласањето финишираше, па веќе се познати имињата на сите ракометари кои добија најмногу гласови откако тренерите, новинарите, читателите и новинарите во редакцијата на 24 Ракомет ги дадоа своите гласови.

Ракометарот кој имаше најмногу МВП признанија во текот на сезоната, Александар Тренчевски заврши највисоко во трката за најдобар пивот во Супер машката лига, па на тој начин имаше убав финиш на регуларниот дел од сезоната.

Сепак, не беше воопшто лесно бидејќи имаше голема конкуренција во Маркоски. Сепак, пресудија петките кои ги доби Тренчевски од тренерите и од редакцијата на 24 Ракомет. Маркоски, пак, беше второпласиран кај нив, но беше најдобар кај новинарите.

ПЛАСМАН

15-АЛЕКСАНДАР ТРЕНЧЕВСКИ(СТРУГА)

14-НИКОЛА МАРКОСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

10-ЕЛВИР ГРАЏАН (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

8-ИВАН ТАСЕСКИ(ОХРИД)

8-МИХАИЛ АЛАРОВ (ПРОЛЕТ)

5-ВАСКО ДИМИТРОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Како се дојде до вкупниот број на поени можете да видите од табелата во продолжение.

Секако можете да видите и како гласаа поединечно новинарите (ЛИНК), тренерите (ЛИНК), читателите (ЛИНК) и редакцијата на 24 Ракомет (ЛИНК).