Тренерите, новинарите и читателите гласаа: Најдобар десен бек во Супер машката лига е…

Изборот на 24 Ракомет за најдобрата седумка во регуларниот дел од сезоната, најдобриот дефанзивец и млад голман веќе заврши. Гласањето финишираше, па веќе се познати имињата на сите ракометари кои добија најмногу гласови откако тренерите, новинарите, читателите и новинарите во редакцијата на 24 Ракомет ги дадоа своите гласови.

Кај десните бекови битката беше меѓу играчите на Струга, Еурофарм Работник и Пролет и нијанси пресудуваа кој ќе заврши на врвот. Петките од новинарите и од тренерите отидоа кај Петровски, додека од читателите и од редакцијата на 24 Ракомет кај Дикаминџија. Пресуди само една оценка, па оттаму Грузиецот е најдобриот десен бек сезонава.

Инаку, за 2. место имаше израмнетост бидејќи Петровски и Мајнов завршија со еднаков број на бодови. Сепак, поради поголемата оценка од новинарите десниот бек на Еурофарм Работник заврши на 2. позиција.

ПЛАСМАН

14-ГИОРГИ ДИКАМИНЏИЈА (СТРУГА)

13-МИХАЈЛО ПЕТРОВСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

13-ДОНЕ МАЈНОВ (ПРОЛЕТ)

10-СТЕФАН КРСТЕВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)

8-РАТКО ДИМОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

2-ОГНЕН ЛЕКОВИЌ (ПЕЛИСТЕР)

Како се дојде до вкупниот број на поени можете да видите од табелата во продолжение.

Секако можете да видите и како гласаа поединечно новинарите (ЛИНК), тренерите (ЛИНК), читателите (ЛИНК) и редакцијата на 24 Ракомет (ЛИНК).