Тренерите, новинарите и читателите гласаа: Најдобaр лев бек во Супер машката лига е…

Изборот на 24 Ракомет за најдобрата седумка во регуларниот дел од сезоната, најдобриот дефанзивец и млад голман веќе заврши. Гласањето финишираше, па веќе се познати имињата на сите ракометари кои добија најмногу гласови откако тренерите, новинарите, читателите и новинарите во редакцијата на 24 Ракомет ги дадоа своите гласови.

Во трката за најдобар лев бек во лигата немаше многу дилеми кога беа во прашање петките, но сосема извесно е дека трката меѓу Филип Кузмановски и Мартин Манасков. Кузмановски беше најдобар во гласањето кај тренерите, новинарите и редакциајата на 24 Ракомет, но затоа Манасков беше второпласиран во сите четири групи на гласачи. Сепак, имаше еден поен помалку во вкупниот збир од Кузмановски.

Зад нив останаа далеку Кукуловски, Младеновски, Георгиевски и Цителишвили кои имаа двојно помалку поени.

ПЛАСМАН

17-ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

16-МАРТИН МАНАСКОВ (ПРОЛЕТ)

8-ДЕЈАН КУКУЛОВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)

7-ЈОВИЦА МЛАДЕНОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

6-ДАРКО ГЕОРГИЕВСКИ (ОХРИД)

6-ЛЕКСО ЦИТЕЛИШВИЛИ (СТРУГА)

Како се дојде до вкупниот број на поени можете да видите од табелата во продолжение.

Секако можете да видите и како гласаа поединечно новинарите (ЛИНК), тренерите (ЛИНК), читателите (ЛИНК) и редакцијата на 24 Ракомет (ЛИНК).