Тренерите, новинарите и читателите гласаа: Најдобро лево крило во Супер машката лига е…

Изборот на 24 Ракомет за најдобрата седумка во регуларниот дел од сезоната, најдобриот дефанзивец и млад голман веќе заврши. Гласањето финишираше, па веќе се познати имињата на сите ракометари кои добија најмногу гласови откако тренерите, новинарите, читателите и новинарите во редакцијата на 24 Ракомет ги дадоа своите гласови.

Иако доби пет поени само од гласовите на тренерите, а имаше еден од публиката, Цветан Кузманоски од Струга е играчот кој успеа да се избори за првото место и да влезе во ол-стар тимот на регуларниот дел од сезоната. Младиот ракометар имаше вкупно 14 поени и има два повеќе од Милан Поповиќ и Крсте Андоновски, кои добија петки од редакцијата на 24 Ракомет односно од читтелите. Со петка може да се пофали и Мирко Мајиќ, кој ја доби од поените на новинарите.

Во трката за 2. место Поповиќ и Андоновски беа во мртва трка. Како што налагаат правилата пресудија гласовите на новинарите, кои му дадоа повеќе гласови на Поповиќ.

ПЛАСМАН

14-ЦВЕТАН КУЗМАНОВСКИ (СТРУГА)

12-МИЛАН ПОПОВИЌ (ПЕЛИСТЕР)

12-КРСТЕ АНДОНОВСКИ (ОХРИД)

10-МИРКО МАЈИЌ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

9-ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

3-СТЕФАН ТРАЈКОСКИ (ПРОЛЕТ)

Како се дојде до вкупниот број на поени можете да видите од табелата во продолжение.

Секако можете да видите и како гласаа поединечно новинарите (ЛИНК), тренерите (ЛИНК), читателите (ЛИНК) и редакцијата на 24 Ракомет (ЛИНК).