Тренерите го одбраа потенцијалниот Ол-стар тим од женската Лига на шампиони

Тековната сезона се ближи кон својата завршница и време е да се изберат најдобрите. Годинава по шести пат Европската ракометна федерација ќе спроведе јавно гласање за избор на најдобрите ракометарки во Лигата на шампиони за жени.

Оваа година во процесот на гласање ќе учествуваат повеќе категории на гласачи, а не како претходните кога гласаа само навивачите.

Тренерите на сите 16 клубови кои учествуваа во групната фаза во Лигата на шампионите беа прашани да дадат по едно име за секоја позиција и плус по една ракометарка за најдобар млад играч и најдобар одбранбен играч.

Ова е изборот од гласањето на тренерите за Ол-стар тимот за сезоната 2018/2019.

Голман: Катрин Лунде (Кристиансанд)
Лево Крило: Манон Ует (Мец)
Лев Бек: Ане Мете Хансен (Ѓер)
Среден Бек: Стине Офтедал (Ѓер)
Пивот: Крина Пинтеа (Ѓер)
Десен Бек: Ана Вјахирева (Ростов)
Десно Крило: Јованка Радичевиќ (ЧСМ Букурешт)
Дефанзивец: Кели Дулфер (Копенхаген)
Млад играч: Ноеми Хафра (Ференцварош)
Тренер: Емануел Мајонад (Мец)

Интересно е што тренерите имаа поделени мислења речиси за сите позиции освен за позицијата десно крило каде што речиси едногласно со 12 од 16 гласа беше номинирана екс вардарката Јованка Радичевиќ.

Ова не е официјален Ол-стар тим, во наредните денови ќе се спроведат гласања од останатите гласачки групи. Гласањето за фановите ќе биде отворено пред првиот четвртфинален натпревар.