Тренерите го избраа „дрим-тимот“ на Лигата на шампионките! (ФОТО)

Како и минатата сезона, тренерите на сите клубови од женската Лига на шампиони го избраа „тимот од соништата“. Од страна на ЕХФ беше побарано сите тренери да се изјаснат и од кои колеги се најмногу импресионирани и во која гостинска сала е најтешко да се игра.

Вардар партиципира само со три ракометарки во „дрим-тимот“, но и тие се рангирани на второ или трето место на нивната позицијата. Станува збор за крилата Камила Херем, Јованка Радичевиќ, како и бекот Андреа Пенезиќ.

Што се однесува до тренерите, најмногу гласови доби Мартин Амброш, пред Драган Аџиќ и Ким Расмусен. За најдобра атмосфера во спортска сала е прогласена онаа од „Ауди“ центарот во Ѓер, пред арената Ласло Пап во Будимпешта, и третопласираните „Морача“ во Подгорица и „Јане Сандански“ во Скопје.

Според тренерите за најдобар голман е прогласена Катрине Лунде со шест бодови, два помалку има Гримсбо, а Енглерт е на третата позиција. Најдобро лево крило е поранешната вардарка Сираба Дембеле со шест бодови, зад неа со по три поени се Мехмедовиќ и Херем. Како најдобар лев бек убедливо е избрана Кристина Неагу со 10 бодови, Пенезиќ освои три, а Аморим Талеска два бода. Во конкуренција за најдобар централен бек на врвот се најдоа Ники Грот и Изабел Гулден со шест бодови, зад нив се Илина и Пена со по два поени. Заслужено прво место во категоријата најдобар десен бек заработи Нора Морк со девет освоени бодови, додека Вјахирева и Булатовиќ имаа по три поени. Најнеизвесен беше изборот за најдобро десно крило каде победи Кармен Мартин со бод повеќе од Манагарова и Радичевиќ кои заработија по пет гласови. Речиси едногласна беше одлукаа за најдобар пивот, дури 13 тренери ја прогласија Хајди Локе за најдобра, романката Оана Манеа освои два бода, а Фрафјорд еден поен.

lunde

dembele

neagu

gulden

mork

martin

loke