Трајкоски: Ние ќе дадеме максимум, па што биде нека биде

Ракометарите на Охрид по непријатната ситуација со сместувањето во Порто, вчера тренираа и денеска ќе го одиграат првиот натпревар од второто квалификациско коло во Купот на ЕХФ. Противникот е добро познат и можеби е на пониско ниво во споредба со минатите сеони кога беше дел од Лигата на шампионите, но се уште е доволно силен да биде конкурентен со екипи на пример од Ц и Д конкуренцијата. Голманот на Охрид, Благојче Трајкоски посакува неговиот тим да даде максимум.

„Ние целта ја остваривме со минувањето на Волендам во првото квалификациско коло од Купот на ЕХФ. Сега се соочуваме со Порто, кој е огромен фаворит во однос на нашата екипа, плус играме два пати на гостински терен. Останува да дадеме максимум,и да одиграме два добри натпревари пред се за наша сатисфакција, па што биде нека биде“ – изјави Трајкоски.

Натпреварот меѓу Порто и Охрид се игра денеска со почеток во 16 часот.