Трајковски: Пресудна беше огромната поддршка од публиката

Ракометарите на Борец ја остварија втората победа во Супер лигата. Во спортската сала „Гемиџии“ екипата на Борец во рамките од второто коло го совлада РК Прилеп со 25:20 (10:8) и повторно ги израдува своите фанови.

Голманот на ГРК Борец Огнен Трајковски за 24Ракомет изјави:

Мораме да бидеме задоволни од почетокот на сезоната, две победи од два натпревари. Против Прилеп пресудна беше огромната поддршка од публиката во текот на целиот натпревар и тимската игра како во нападот така и во одбраната. Како што покажува и самиот резултат 20 примени погодоци само го потврдува одличното издание на одбраната и голманите на овој натпревар.

Во третото коло ракометарите на РК Борец гостуваат во Скопје, противник е тимот на Илија Темелковски, Тинекс Пролет. Младиот голман на Борец за овој натпревар изјави:

РК Тинекс Пролет е одлична и воиграна екипа и ќе не очекува навистина тежок и цврст натпревар. Како и досега секако одиме и се надеваме на победа.