Трајковски: Одиме да го освоиме Охрид!

После двете одлични средби во регуларниот дел од сезоната екипите на Охрид и Струга денеска имаат нова пресметка која ќе биде одиграна во СЦ „Билјанини извори“. И двете екипи победуваа на домашен терен, па сега одново се чека да има интересен дуел. Пивотменот Игор Трајковски вели дека Струга оди на победа во Охрид.

„Одиме да го освоиме Охрид, знаеме каква атмосфера не чека таму, но поголемиот дел од екипата сме искусни ракометари и имаме играно голем број на дерби натпревари. Ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи „Паткари“ и ќе дадеме се од себе да докажеме дека Струга е сериозна екипа и местото и е во плеј-оф“, вели Трајковски за 24Ракомет.

Двете екипи кои се дел од езерското дерби ги имаат првите две позиции на табелата во плеј-аут лигата. Денеска само продолжуваат со нивната битка за врвот во лигата, а ова ќе биде уште еден интересен дуел како што беа и првите две средби во оваа сезона.