Трајковски за посилен Охрид

Веројатно најзвучното име на македонскиот трансфер маркет овој јануари секако е голманот на Макс Струмица, Благојче Трајковски. Амбициозниот проект на општината Охрид, го одведе истоимениот ракометен клуб во македонскиот плеј-оф. Охриѓани серозно ја сфатија втората фаза од македонскиот шампионат и веќе кројат тактика за следните месеци кога ќе се соочат со најсилните во македонската лига. Вардар и Металург се неприкосновени, но Охрид ќе се обиде да обезбеди место меѓу првите три екипи за кое ќе се борат и Прилеп, Макс Струмица и  Работнички.

Охрид од јануари во својот состав ќе има двајца одлични голмани. Благојче Трајковски потпиша договор со управата на клубот и заедно со Колев ќе бидат тандемот кој ќе застане меѓу стативите на РК Охрид.

По потпишување на договорот со Трајковски, претседателот на клубот, Спасевски истакна:

Задоволство ми е што ракометниот клуб Охрид после долготрајните преговори успеа да ангажира еден од подобрите голмани во македонското првенство. Ангажирањето на Трајкоски беше голема желба на стручниот штаб и на задоволство на сите денес ја официјализиравме нашата соработка.