Трајковиќ: Продолжуваме да работиме за да стигнеме до двојната круна

Куманово стигна до толку посакуваниот триумф на завршниот турнир од Купот на Македонија. Левото крило на тимот Мила Трајковиќ беше прогласена за најдобра ракометарка на Ф4 турнирот и по натпреварот го истакна задоволството.

‚‚Презадоволна сум од мојата екипа, се трудевме многу и го дадовме максимумот денеска. Покажавме како се игра ракомет и се надевам и во иднина ќе имаме вакви успеси и ќе го докажеме нашиот квалитет. Со труд и со напорна работа може се да се постигне сè. Се надевам дека ќе останеме истата екипа и следната сезона и ќе се обидеме да го освоиме не само Купот и шампионатот на Македонија‘‘, изјави Трајковиќ.

До крајот на првенството Куманово останува да очекува кикс на првопласираниот тим на Металург за да стигне до двојната круна.