Трагедија во Унгарија: Ракометар колабираше и почина за време на натпревар

Играчот на Бачмалмаси ПВСЕ, Тибор Екерт го загуби животот за време на натпревар во првенството на Унгарија. Ракометарот колабирал уште во текот на првото полувреме, а докторите се бореле цел час за да го спасат неговиот живот.

Информациите говорат дека 29-годишниот ракометар доживеал срцев удар и дека докторските екипи сториле сè, но не успеале да го реанимираат.

Екерт паднал на теренот после само 15 минути од играта, а претходно не покажувал некаква здравствени проблеми.

Фото: фејсбук