Трагедија во Данска: Голманот на Ајакс Копенхаген си го одзеде животот

Изминатава сабота ја одбележа трагичната вест која пристигна од Данска. Голманот на Ајакс Копенхаген, Андерс Бендих Дилинг си го одзема животот на 26 годишна возраст.

Лошата вест со своите фанови ја сподели управата на клубот, која во кратко соопштение истакна

Со огромна тага соопштуваме дека во недела попладне семејството на Андрес Бендих Дилинг не информираше дека голманот почина во сабота, 14 мај.

Андерс беше популарен не само на теренот туку и надвор од него и ќе биде запаметен како среќен, расположен, соиграч полн со енергија, соиграч кој секогаш пристигнуваше прв на тренинзите и натпреварите.

Андерс се одлучи прерано да си го одземе животот.

Нашите мисли во ова тешко време се насочени кон неговата фамилија и најблиските.

Андерс ќе биде вечно запаметен

Дваесет и шест годишниот голман потекнува од ракометната школа на Копенхаген. Освен за Ајакс тој ги бранел боите на Нордсјаланд Хандбол. Тој се врати во својот матичен клуб на почетокот од оваа сезона, а минатата недела настапи за својот тим во плеј-аут фазата каде Ајакс се бори за опстанок во првата лига.